Намалена количината превезена стока со воз и авион

20

Количеството на превезената стока во товарниот патен превоз, во третото тримесечје од 2015 година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 25%, во железничкиот превоз е намалено за 47,2%, додека во воздухопловниот превоз намалувањето изнесува 45,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2015 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 2.159.000, во градско – приградскиот превоз 16.839.000, во железничкиот превоз 309.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 542.341.