“Не ѕвони“ – хрватски регистар на потрошувачи кои не сакаат промоции или продажба по телефон

25

telefon-vo-race

Во рамки на хрватското Министерство за економија, труд и претприемништво е отворен Регистар за заштита на потрошувачите под името “Не ѕвони“. Станува збор за јавен регистар на телефонски броеви на оние потрошувачи кои не сакаат трговците да ги контактираат за промоција или продажба, без претходно да дадат согласност, пишува Пословни дневник.

Овој регистар, како што се наведува, ќе овозможи заштита на ранливите групи на потрошувачи, односно сите оние кои по личен избор не сакаат и не се можност да тргуваат и да склучуваат било какви договори по телефон или едноставно не сакаат да бидат вознемирувани на својот телефонски број.

Во регистарот може да се запишат сите потрошувачи (физички лица) кои се корисници на телефонски услуги, што вклучува фиксен и мобилен телефон, како и СМС и ММС пораки. Запишувањето или бришењето на број може да побара само потрошувач што има договорена услуга на одреден телефонски број. Уписот во регистар е бесплатен, а сопственикот на бројот треба точно да го пополни барањето и да го предаде на телекомуникацискиот оператор.

На интернет страницата на хрватската регулаторна агенција за мрежни активности (ХАКОМ) може да се постави барање за статусот на одреден број во регистарот. Откако ќе се внесе бројот ќе се добие информација дали бројот е во регистарот, дали се повлечени сите согласности и временската ознака кога е запишан бројот.