Нема веќе “земи – направи – отфрли“ во ЕУ

29

Застапниците на Европскиот парламент (ЕП) дадоа силна поддршка на новиот акционен план за кружна (циркуларна) економија на Европската унија (ЕУ), што има за цел да ѝ стави крај на економијата “земи – направи – отфрли“ и да поттикне рециклирање на производите.

Новиот акционен план за циркуларна економија е составен дел од климатските цели договори во рамки на европскиот Зелен план и Парискиот договор.

Освен тоа што со циркуларната економија драстично ќе се намали емисијата на јаглерод диоксид во ЕУ, ќе се поттикне економски развој и ќе се создадат нови можности за вработување. Процените укажуваат на тоа дека со акциониот план би можеле да се создадат 700.000 работни места во ЕУ до 2030 година, а бруто домашниот производ би се зголемил за 0,5%.

Фото: Freepik