Непроменети цените на угостителските услуги во мај

37

Цените на угостителските услуги во мај оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во мај 2016 година, во однос на истиот месец од претходната
година, се зголемени за 0,3%.

Цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2016 година, во однос на
истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2015 година се зголемени за 0,1%.