Охридска банка ќе издава обични акции по пат на приватна понуда на институционален инвеститор

42

ohridska-banka-logo

Охридска банка ќе изврши зголемување на акционерскиот капитал со издавање на 77.764 обични акции со право на глас, во вкупен номинален износ од 206.074.600 денари, за институционален инвеститор по пат на приватна понуда, стои во Одлуката што ја донесе Собранието на банката.

Издавањето на акциите, како што се наведува, ќе се врши по пат на приватна понуда.

“Намената на емисијата е зголемување на акционерскиот капитал на банката со нови уплати од страна на постоечкиот акционер Сосиете Женерал од Пари заради одржување на соодветно ниво на стапка на редовен основен капитал и стапка на основен капитал, како и заштитните слоеви на капиталот пропишани со Закон за банки и подзаконската регулатива“, стои во Одлуката објавена на Македонска берза.

Номиналната вредност на една акција е 2.650 денари, додека вкупната номинална вредност на акциите што се запишуваат изнесува 206.074.600 денари.

Продажната вредност на една акција изнесува 5.536 денари, додека вкупната продажна вредност на акциите што се запишуваат изнесува 430.501.504 денари.

Сопствениците на обични акции со право на глас ги имаат следните права:

  • Право на глас во собранието,
  • Правно на исплата на дел од добивката – дивиденда,
  • Право на исплата на дел од остатокот од ликвидационата, односно стечајната маса на банката.