Пониски продажните цени на индустриски производи во јули

23

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во јули оваа година, се пониски 0,2% на месечно ниво, а за 0,4% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јули 2020, во споредба со јуни 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,2%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,3%.

Во јули 2020, во споредба со јули 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 11,4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,8%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,6%.

Фото: Pexels