Пониски продажните цени на индустриските производи на домашен пазар во јуни

10

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во јуни оваа година, се пониски за 0,2% во однос на претходниот месец, односно 4,2% во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јуни 2015, во споредба со мај 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5% и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2%.

Во јуни 2015, во споредба со јуни 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на
домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 10,5%, Капитални производи за 4,4%, Интермедијарни
производи, освен енергија за 0,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2%.