РОЦ САСА ќе стипендира студенти на УГД Штип

36

Рудникот за олово и цинк САСА во следната учебна година 2018 /2019 ќе стипендира 20 студенти на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот Гоце Делчев од Штип. Десет студенти од студиската група Рударство и по петмина од студиските групи Геологија и Инженерство на животна средина ќе добиваат годишни стипендии во вредност од по 200 евра.

Покрај оваа финансиска поддршка во текот на студиите, рудникот САСА им овозможува на идните студенти практична работа, при што ќе се стекнат со првично искуство и ќе се запознаат со работата на рудникот и компанијата. Дополнително, најдобрите од студентите ќе имаат можност за вработување во рудникот САСА по завршувањето на студиите.

Стипендиите ќе бидат наменети пред сѐ за студенти кои доаѓаат од Македонска Каменица и од околните населени места, со што компанијата уште еднаш ја покажува долгорочната посветеност за одржлив развој на локалната средина во која се наоѓа и стопанисува.

За повеќе информации, заинтересираните кандидати за степендии можат да се обратат кај Венета Ристовска од рудникот САСА, преку електронска пошта на v.ristovska@sasa.com.mk или директно во локалната канделарија за комуникација со јавноста на САСА во Македонска Каменица.

Рудникот за олово и цинк САСА е во сопственост на Централ Азија металс (Central Asia Metals PLC) која котира на Лондонската берза и има долгорочни планови за развој на рудникот и на општествено одговорни проекти важни за просперитетот на локалната заедница и на економијата.