Рудници Бањани со добивка од 5,6 милиони денари во 2020 година

54

Рударската компанија Рудници Бањани во период од први јануари до 31-ви декември лани евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 5.623.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, Рудници Бањани прикажа добивка од 3.712.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември лани, беа на ниво од 75.679.000 денари од кои на домашен пазар отпаѓа поголемиот дел од 75.311.000 денари, а остатокот од 368.000 денари е остварен на пазари во странство.

Фото: Pexels