РЖ Услуги за девет месеци прокнижи загуба од 2,8 милиони денари

24

rz-uslugi

РЖ Услуги работеше со вкупна сеопфатна загуба во висина од 2.877.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот пресметковен период лани, компанијата оствари загуба од 7.933.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од 2016-та година изнесуваат 94.199.000 денари, додека истиот период лани имаа вредност од 79.205.000 денари.

РЖ Услуги се занимава со собирање, прочистување, производство и дистрибуција на вода за пиење и индустриска вода.