Што е roll up кредит?

130

Фото: Pixabay

Roll up претставува вид на кредит што банката му го одобрува на должникот, односно на компанија што се соочува со проблеми во работењето, за да се поттикнат и други банки ѝ помогнат на компанијата.

Во случај да не успее да ги стимулира и другите банки, банката што го поддржала кредитирањето на проблематичната компанија, има првенство во наплата на стариот, но и новиот долг.

Овој вид на кредит предвидува банката да добие и одреден износ од стариот кредит и приоритет при наплата. Постојат повеќе модели на roll up кредит, па во случај да се користи моделот 1:1, тогаш ако износот на кредитот е 100 милиони евра, банката ќе има првенство на наплата на тие 100 милиони евра, но и на претходни долгови од должникот во истиот износ.