Симната суспензијата за тргување со акциите на ЗК Пелагонија

97

Во врска со привремениот прекин на тргување со акциите на ЗК Пелагонија АД Битола, а по направената објава од страна на издавачот за инвеститорската јавност на 18.02.2021 година согласно барањата на Македонската берза и Комисијата за хартии од вредност, создадени се услови за продолжување на тргувањето со овие акции, почнувајќи од утре, 19.02.2021 година.