Сковин за девет месеци заврши во минус од 87,3 милиони денари

27

skovin

Винарската визба Сковин во период од јануари до септември оваа година оствари загуба од 87.340.000 денари, се вели во Образложението за остварените резултати објавено на Македонска берза.

“Нето загубата во 2015 година изнесува 87.340.000 денари и во однос на минатата година кога изнесувала 51.090.000 денари бележи зголемување“, се вели во Образложението.

Oперативните приходи во 2015 година во однос на 2014 се со тренд на намалување и изнесуваат 150.507.000 денари. Во 2015 година, приходите од продажба на домашен пазар се зголемени во однос на 2014 година, а приходите од продажба на странски пазари се намалени за 36 индексни поени од што резултира вкупното намалување на приходите во период од девет месеци.

Оперативните расходи во 2015 година изнесуваат 200.625.000 денари, во споредба со 2014 година кога изнесувале 275.923.000 денари, претставува нивно намалување за 27 индексни поени.

Оперативната загуба во 2015 година изнесува 79.318.000 денари, а истиот период во 2014 година изнесувала 40.229.000 денари, што значи зголемување на загубата.