Слободен проток на информации за дигитално поврзување на Западен Балкан

8

Владата на Република Северна Македонија на денешната 110-та седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, ја разгледа и усвои Информацијата за извршени преговори за слободен проток на податоци и за интероперативен Западен Балкан за дигитална интеграција во регионот.

За таа цел Владата и ги прифати усогласените текстови на изјавите за слободен проток на податоци и за интероперабилност за да започнат заеднички активности и иницијативи кон зајакнување на регионална соработка со дигиталната интеграција на безбеден и сигурен начин.