Стопанска банка Битола работеше со загуба од 52,64 милиони денари

20

stopanska-banka-bitola-580x399

Стопанска банка Битола, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари негативен финансиски резултат од 52,64 милиони денари, се вели во Образложението кон остварениот финансиски резултат, објавен на Македонска берза.

“Имајќи ги предвид условите на стопанисување и тешкотиите во работењето на стопанските субјекти, истите се одразуваат врз работењето на банката, така што финансискиот резултат за периодот е негативен во износ од 52,64 милиони денари, што главно се должи на издвоените дополнителни резервации поради влошената класификација на одредени клиенти“, се вели во Образложението.

Нето приходите од камати во првите девет месеци од 2015 година, во однос на истиот период лани, бележат пораст од 33,25%. Нето приходите добиени од камати, со вклучени приходи од наплатени претходно отпишани побарувања од камати се пониски за 42,82% споредено со остварувањето од третиот квартал од 2014 година.

“Зголемената база на клиенти, зголемениот обем на кредитни работи и работи во платниот промет придонесоа за раст од 4,66% на нето приходите од провизии и надоместоци во првите девет месеци од 2015 година, споредено со истиот период од минатата година“, стои подолу во Образложението.