Технокомерц со добивка повисока за 254% во првите шест месеци

24

tehnokomerc

Акционерското друштво Технокомерц од Скопје во првото полугодие од 2015 година оствари нето добивка во износ од 10.554.000 денари, што во споредба со истиот период лани е повисока за 254%, се вели во Образложението на консолидираните финансиски извештаи.

Истиот период лани, како што се наведува во билансот на успех, добивката на компанијата беше во висина од 2.978.000 денари.

“Вкупните приходи на износ од 117.940.000 денари бележат пораст од 36% во однос на остварените приходи во истиот период од 2014 година кога изнесуваа 86.883.000 денари. Од вкупно остварените приходи 99,21% се оперативни приходи додека финансиските приходи учествуваа со 0,79%“, се вели во Образложението.

Вкупните расходи, како што се наведува, достигнаа износ од 105.881.000 денари и забележаа пораст од 26% во однос на расходите остварени во споредбениот период кога изнесуваа 83.786.000 денари. Од вкупните расходи 96,86% се оперативни расходи кои се резултат на основната дејност на друштвото, додека финансиските расходи  изнесуваа 3,14% од вкупните расходи.

Во групата Технокомерц АД, покрај матичното друштво е вклучено и Стоп & Го дооел Скопје со 100% учество. Друштвото Теи мк дооел Скопје кое беше во сопственост на  Технокомерц АД Скопје е ликвидирано на 14.05.2015 год. со Решение од Централен регистар на РМ  бр. 30120150019310.