Телеконференциски состаноци во Министерство за финасии

144

Со цел елиминирање на секоја можност за ширење и превенција од Covid-19 (коронавирус), Министерството за финансии ги советува странките наместо да доаѓаат лично, да контактираат на меилот: infromacii@finance.gov.mk или на телефонскиот број 02/3255-300, како и на меиловите и телефонските броеви објавени на веб-страната на Министерството за финансии.

Исто така, од МФ препорачуваат сите преписки, барања и други документи кои можат да се доставуваат и испраќаат електронски, да се испраќаат и примаат електронски, за да се избегне користење на хартиена форма (се разбира доколку не е неопходно документот да биде во хартиена форма, во оригинал).

Потребните состаноци секторите ќе ги држат преку телеконференциска врска.

Фото: Pexels