Тиквеш ќе ја реинвестира ланската добивка

21

Винарската визба Тиквеш од Кавадарци донесе предлог одлука за распределба на остварената добивка од работење во 2020 година, којашто ќе се најде пред Собранието на акционери на 28-ми мај годинава.

Остварената нето добивка од 67.638.214 денари, според предлог одлуката, ќе се користи годинава за нови инвестиции.