Цементарница Усје заклучно со септември работеше со добивка од 960 милиони денари

20

cementarnica-usje

Цементарница Усје, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 960.004.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата прикажа добивка од 821.758.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од 2016-та година достигнаа 3.201.878.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 2.385.392.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата беше 816.486.000 денари.

Усје е производител на цемент и други градежни материјали.