ТТК Банка на акционерите им исплаќа дивиденда од 81,7 милиони денари

64

ТТК Банка ја утврди одлуката за определување на износот на дивиденда и датуми на исплата на дивиденда за 2020 година.

“Да се исплати дивиденда во бруто износ од 81.709.920 денари… Висината на бруто дивиденда по акција ќе изнесува 90 денари, односно 9% од номиналната вредност на акциите што изнсува 1.000 денари“, стои во одлуката што усвои Собранието на акционери на банката на 15-ти април, а Надзорниот одбор на четврти август ја утврди.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 09.08.2021 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2020 година е 10.08.2021 година.

Исплатата на дивиденда за 2020 година ќе започне на 23.08.2021 година.

Фото: Facebook