ТТК Банка првиот квартал го заврши со 17,1 милиони денари загуба

18

ttk-banka

ТТК Банка оствари загуба од 17.105.000 денари во период од први јануари до 31-ви март оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, банката работеше со загуба во висина од 28.768.000 денари.

“Нето приходите од камати изнесуваат 61,4 милиони денари и се пониски за 7,9% во однос на истиот период од минатата година, во најголем дел како резултат на повисоките расходи за камата кои произлегуваат од зголемената депозитна база на годишно ниво. Остварените нето приходи од камати се целосно во согласност со планираните, односно степенот на исполнување на планот е 100,2%“, стои во Коментарот за остварените финансиски резултати.

Нето приходите од провизии и надоместоци за услуги во периодот јануари – март изнесуваат 29,8 милиони денари. Најголем придонес во структурата на оваа позиција, како што се наведува, имаат приходите од провизии коишто потекнуваат од платниот промет во земјата и во странство за правни и физички лица, но исто така и од генерираните провизии од сегментот кредитирање. Планираните нето приходи од провизии се остварени со 101,6%