Важно создавање профили што им се неопходни на компаниите

37

Како што се наведува во соопштението од Министерството за образование и наука (МОН), на работниот состанок била потенцирана важноста од создавање на соодветни профили кои се потребни на компаниите, а кои треба да излезат токму од средното стручно образование.

“МОН ја зајакнува соработката со Стопанските комори и со компаниите и локалните самоуправи, со цел преку отворање на нови профили да одговориме на потребите на реалниот сектор, но и да придонесеме за поголема вработливост на младите. Оваа соработка ни е многу важна, затоа што токму реалниот сектор ќе се вклучи во креирањето на наставните програми и уписните политики”, рече министерката Царовска.

Од компанијата Алкалоид била поздравена идејата за зајакнување на соработката што треба да резултира со оспособување на кадар во средните стручни училишта кој недостига, а баран е на пазарот на трудот, се наведува во соопштението.