Вкупна потрошувачка по енергенти во јануари

19

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2015 година, во Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 903.598 МWh електрична енергија, 29.699 мил. nm3
природен гас, 494.898 тони јаглен и 73.627 тони нафтени продукти.

Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 71,7% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,1% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.