Во мај издадени 194 одобренија за градење

24

Во текот на мај оваа година се издадени 194 одобренија за градење, што во споредба со истиот месец лани, е намалување од 7,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.849.517.000 денари, што е за 236,3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената предвидена вредност се должи на изградбата на останатите делници од новите два капитални проекта за автопати.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 139 или 71,7% се наменети за објекти од високоградба, 27 односно 13,9% за објекти од нискоградба и 28 т.е 14,4% за објекти за реконструкција.

Од вкупно 194 објекти, на 150 или 77,3% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 44 објекти или 22,7% инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 504 станови со вкупна корисна површина од 43.765 метри квадратни.