Зголемен бројот на туристи и ноќевања во декември

23

Бројот на туристи во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е зголемен за 4,4%, додека бројот на ноќевања порасна за 4,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во декември 2016 година изнесува 42.101, а бројот на ноќевањата изнесува 81.060.

Бројот на домашните туристи во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е намален за 5.,3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 11,2%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е намален за 4,6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12,5%.

Во периодот јануари – декември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4,8%, а кај странските има зголемување за 5,1%.

Во периодот јануари – декември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,6%, а кај странските има зголемување за 1,7%.