ЗК Пелагонија прокнижи загуба од 128,4 милиони денари заклучно со септември

24

zk-pelagonija

Земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола, во текот на деветте месеци од оваа година, прикажа загуба од 128.405.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Од јануари до септември лани, компанијата оствари вкупна сеопфатна добивка од 65.302.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември оваа година, изнесуваат 1.084.298.000 денари. На домашен пазар, од тој износ, отпаѓаат 952.525.000 денари, додека на пазари во странство продажбата достигна 131.773.000 денари.

“Причините за зголемените приходи од продажба потекнуваат од зголеменото производство во овој пресметковен период, што резултира со остварување на значително повисоки приходи од продажба на производи и услуги на домашниот пазар“, стои во Образложението кон билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба, во текот на деветте месеци од 2016 година, изнесуваат 785.190.000 денари.

Основна дејност на компанијата е примарно земјоделско производство на: ниски култури (пченица, јачмен, сончоглед, шеќерна репа, пченка зрно, пченка силажа и друго), одгледување на ситен и крупен добиток, сточарско производство, градинарство, рибарство и овоштарство.