Фото: Pixabay
Голем број на потрошувачи не ја знаат разликата помеѓу ознаките “Употребливо до“ и “Најдобро да се употреби до“, па заради ова поголемо количество на храна завршува во кантата за ѓубре.
Ознаката на амбалажата на одреден продукт “Најдобро да се употреби до“ означува предлог на производителот до кој датум храната го задржува високиот квалитет, но е безбедна за консумација и по тој период. Ознаката “Употребливо до“ означува рок на траење на храната што брзо се расипува и може да биде опасна по здравјето и затоа не е препорачливо да се јаде по рокот на траење, пишува РТЦГ.
Овие десет намирници може да се консумираат по истекот на рокот:
Чипс – солта што ја содржи го продолжува рокот на траење.
Чоколадо – шеќерот во чоколадото го продолжува рокот на траење.
Јогурт – може да трае и до шест недели по истекот на рокот.
Тврдо сирење – овие сирења траат подолго од меките.
Јајца – дали јајцето е расипано може да се провери со ставање во вода. Ако јајцето потоне, тогаш може да се јаде, а ако лебди на површината значи дека е расипано.
Леб – може да трае неколку дена, важно е да нема мувла.
Ориз – трае неколку месеци по истек на рокот.