Некогаш беше “црно злато“, а денес ѝ се ближи крајот

299

Ниту каменoто доба не заврши поради недостиг од камења, така ѝ се ближи крајот на ерата на нафтата, иако ја има во изобилие. Тоа го покажува стрмоглавиот пад на цените и намалување на производството, пишува Deutsche Welle.

Во последните години, руските медиуми се занимаваа со пресметките колку земјата треба да произведува нафта за да го оствари договорот ОПЕК плус со картелот, во којшто се најголемите извозници на нафта и уште неколку други земји, како што се Русија, Казахстан и Азербејџан. Но, не е суштината ниту во квотите, ниту во квантитетот, па дури ни во тоа дали била исправна одлуката на рускиот претседател, Владимир Путин, кога на советот на директори на Rosneft, го напушти договорот.

Напорите на нафтениот картел и земјите што им се придружија се во правец на намалување на количините на нафта на пазарот бидејќи глобалната економија има помала побарувачка. Така, 23-те земји извознички на нафта во договор го намалуваа производството уште од 2017 година, но сепак постојано се појавуваше вишок на произведена нафта. Сето тоа се случува и во време кога, потенцијално моќните производители, како што се Венецуела, Иран и Либија од различни причини произведуваа значително помали количини од нивниот капацитет.

Тука, како што се наведува, се наметнува заклучокот: “црното злато“ можеби беше енергетска шифра за 20-от, но за 21-от век тоа е борбата против климатските промени, обновливите извори на енергија, енергетска ефикасност, борба против загадување на водите.

Со други зборови, на економиите не им е потребно толку нафта колку што може да се произведе.

Пандемијата на коронавирусот драматично ја намали побарувачката на енергенси на глобално ниво и така уште повеќе го потенцира проблемот со вишокот нафта.

Сепак, нафтената доба сè уште не е завршена, но коронавирусот го забрза неговиот крај. Земјите, како што е Русија, коишто зависат од нафтени извори, ќе мора да променат својот бизнис модел.

Фото: Pixabay