Адинг со добивка од 21,3 милиони заклучно со 30-ти септември

49

ading

Градежната компанија Адинг прикажа вкупна сеопфатна добивка од 21.361.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех за период од први јануари до 30-ти септември, објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата работеше со добивка од 14.052.000 денари.

Вкупните приходи од продажба за деветте месеци од 2015 година, достигнаа вредност од 276.931.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 181.696.000 денари, додека на странски пазари се реализирани 95.235.000 денари.

Во првите девет месеци од 2014 година, Адинг оствари вкупни приходи од продажба од 224.600.000 денари.