Airbnb со ограничувања за младите во Велика Британија, Франција и Шпанија

39

Airbnb најави дека ќе го ограничи сместувањето на младите во Велика Британија, Франција и Шпанија за да се намали бројот на непријавени гости и со тоа да се зголеми безбедноста во услови на пандемија.

На овој начин, интернет платформата за изнајмување простор ја става во тест фаза забраната за изнајмување на станови или куќи, во близина на нивните домови, на лица помлади од 25 години.

Првите ограничувања, Airbnb ги воведе минатата година бидејќи бучните забави им создавале проблеми на соседите во некои места. Во време на пандемија, забавите создаваат уште поголема загриженост, со оглед на тоа што таму најчесто не се почитуваат мерките за намалување на ширење на заразата.

Фото: Facebook