Банкротираше фирмата која требаше да произведува електрични возила во Тетово- не успеаја да ја надминат кризата, работниците останаа без работа

779

Германскиот производител на електрични автомобили Next.e.Go Mobile дефинитивно престанува да постои!

Производителот на електрични автомобили од Ахен мораше да поднесе барање за стечај во март, меѓутоа, стечајниот управник Клаус-Петер Крут тогаш беше уверен дека компанијата ќе најде инвеститори и ќе продолжи со работа.

Сепак, компанијата успеала да продаде само околу 1.350 возила пред да банкротира.

Инаку, Во август 2022, тогашната влада постави камен-темелник за нова фабрика „ Next.e.Go Mobile“, во која требаше да се произведуваат електрични автомобили. Тогаш беше најавено дека фабриката ќе вработи 900 луѓе, а инвестицијата ќе биде вредна 130 милиони евра, при што беше најавена и државна помош. Но, веќе во март годинава од дирекцијата на ТИРЗ пристигна соопштение дека се запира извршувањето на договорот со кој требаше на овој простор да се изгради фабрика за произведство на автомобили според германска лиценца.

Производителот на електрични автомобили го преживеа првиот банкрот во 2020 година благодарение на новите инвеститори. Во тоа време, големи надежи се полагаа на новиот модел e.wave X, кој наводно добил 11.000 пред-нарачки. Но, доцнењето на дозволите од ЕУ доведе до финансиски проблеми и нов банкрот, а сега е јасно дека ништо нема да излезе од амбициозните цели на младата компанија.

Next.e.Go Mobile не е првиот германски производител на електрични автомобили што банкротира од почетокот на годината.

Electric Brands, која ги произведува ски возилата Xbus и микромобилот Evetta, поднесе барање за самоуправен стечај во Окружниот суд во Дармштат во февруари.

Германија неодамна беше потресена од веста дека кинескиот производител на автомобили Great Wall Motors (GWM) сака да го затвори своето европско седиште во Минхен.