Chery достапен и на македонскиот пазар: Официјалната продажба започнува на 9- ти октомври

481

Кинезите веќе доминираат со електричните возила на кинескиот пазар, Европа во иднина ќе мора да гледа во Кина како партнер, но и како конкурент. Јас лично, а и стратегијата на нашата групација „Гранд Аутомотив“, силно верува дека кинеските производители т.е. брендови на возила се веќе сериозен потенцијален конкурент на сите европски производители, вели во интервју за „Локално“ генералниот директор на „Гранд Ауто Скопје“, Дритон Заири.

„Гранд Ауто Скопје е веќе официјален увозник на два веќе многу познати Кинески брендови MG и CHERY , од кои едниот т.е. MG е во последниве 2 години е најбрзо растечки бренд во Европа, а CHERY е во голем залет да го фати истиот тренд. Како и глобално така и во Македонија заинтересираноста секој ден расте сè повеќе, а и продажбата на MG моделите MG ZS , MG HS , MG4 Electric и MG5 Electric. CHERY официјалната продажба ја започнува  на 9 октомври 2023 за неколку дена“, вели Заири.

За тоа што најмногу ги интересира македонските возачи кога се заинтересирани за купување на бренд како MG, CHERY, Заири истакнува дека квалитетот и грижата за клиентите се фактори кои доведуваат за одлука за купување, а за среќа вели во Гранд Ауто Скопје ги поседуваат двата. Квалитетот на изработка е врвен кај двата бренда поготово завршната обработка , безбедноста (MG ZS веќе има 5 Sвезди на ЕуроНКап ) 7 години гаранција, 7 Години помош на пат, сите возила се достапни како демо возила за тест возење и достапен лагер, резервни делови на залиха и нивна брза испорака.

Напоменува дека инфраструктурата, за жал, сè уште ни е далеку од добра и дека треба многу да се инвестира, но исто така треба да се размислува од страна на нашите власти да се донесат даночни олеснувања исклучиво само за електричните возила, а со самото тоа ќе ги исполнат еколошките ветувања и ќе го подобрат живеењето т.е. квалитетот на воздухот кој во наредниов период што следи ќе биде сериозен проблем.

За тоа колку новите правила на ЕУ за субвенции од трети земји кои ја нарушуваат конкуренцијата може да станат сериозен проблем за кинеските производители на електрични автомобили Заири истакнува дека Кина доминира во индустријата за електрични автомобили, со три четвртини од глобалното производство на литиум-јонски батерии.
„Најголем дел од рафинирањето на литиум, кобалт и графит се одвива во Кина ( 90% Lithium Refining , 71% Lithium Batteries –  China , Graphite anode 90% China) ,  па со самите бројки би се запрашал дали би поставувал нови правила, а од друг агол гледано цела ЕУ се стреми кон намалување на CO2 емисии и зголемување на продажба на електрични возила! А истотака мислам, и сум скоро па сигурен, дека Кинезите го имаат размислено тој момент и се спремни и за најсериозни промени т.е. инвестирање во мега/гига фабрики во ЕУ“, истакнува Заири.