Дали знаете колку трае породилното отсуство ширум светот?

389

Заштитата на мајките е фундаментално право на жените работнички коешто е предвидено во клучните универзални договори за правата на човекот. На пример, во Универзалната декларација за правата на човекот од 1948 година е наведено дека мајките и децата имаат право на специјална грижа и помош, како и на социјална заштита. Системите за родителски отсуства се разликуваат од земја до земја и е индивидуални системи кои не секогаш може да се споредуваат.

Во основа, постојат четири типови на отсуства за родителите по повод раѓање дете: породилно отсуство (отсуство за вработени жени и мајки и се користи околу терминот за породување, но и за посвојување во определени земји и треба да трае најмалку 14 недели); отсуство за таткото на детето (отсуство кое таткото кој е вработен најчесто го користи по раѓање или во првите неколку месеци по раѓање на детето.

Во пракса, трае многу пократко од породилното за мајката); родителско отсуство (отсуство што го користат вработените родители, кое најчесто е како додаток на конкретно отсуство. Најчесто се работи за индивидуално право на родителот и не секогаш може да го користат и двајцата родители) и отсуство заради грижа на дете ) отсуство заради грижа на дете (најчесто следи по родителското отсуство и му дозволува на еден од родителите да остане дома за грижа на своето дете и може да се користи до две или три години возраст на детето).

Македонија – Во нашата земја породилното отсуство за едно дете трае девет месеци, а за близнаци 15 месеци.

Словенија – Породилното отсуство за едно дете во Словенија е 105 дена, родителското отсуство е 260 дена, па вкупното отсуство е 365 дена.

Хрватска – Породилното отсуство за едно дете во оваа земја е седум месеци, родителското отсуство е шест месеци, па вкупното отсуство за едно родено дете е 13 месеци.

Шведска – Породилното отсуство во оваа скандинавска земја е 480 дена, родителското отсуство трае 240 дена, па вкупното отсуство за едно родено дете е 720 дена.

Финска – Мајка во Финска за своето родено дете може да добие породилно отсуство од 105 работни денови, а родителското отсуство е 158 работни денови, со што вкупното отсуство за едно дете достигнува 263 работни дена.

Велика Британија – мајките во оваа земја имаат право на породилно во времетраење од 52 недели, а платени им се 39.

Индија – според податоците, мајките во оваа земја имаат 26 недели платено породилно отсуство.

Франција – вкупниот број на недели се движи од 16 до 26 во зависност од тоа колку деца има мајката.

Шпанија – вработените мајки во оваа земја имаат платено породилно отсуство од 16 недели.

Јапонија – мајките во Јапонија имаат право на породилно отсуство од 14 недели.

САД – вработена мајка во САД има право на 12 недели породилно (што е лимитирано на компании со над 50 вработени).

Сингапур – родилка во оваа земја има право на породилно отсуство од 12 недели, а 16 недели доколку детето е државјанин на оваа град – држава.

Фото: Pixabay