Девизните резерви намалени за 153 милиони евра во февруари

20

evra 20 50

На крајот на февруари вкупните девизни резерви беа на ниво од 2.330.700.000 евра, што во споредба со претходниот месец е намалување за 153.000.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Македонија.

Намалување од 142.900.000 евра има кај ставката хартии од вредност, па така на крајот на февруари оваа сметка имаше салдо од 1.846.200.000 евра, додека еден месец претходно 1.989.100.000 евра.

Кај валутите и депозитите е забележано намалување од 500.000 евра. На крајот на февруари на оваа сметка имаше 245.300.000 евра, додека еден месец претходно тие беа во висина од 245.800.000 евра.

Намалување има и кај монетарното злато и тоа од 10.100.000 евра. Кај оваа ставка на крајот на февруари имаше 234.300.000 евра, додека еден месец претходно монетарното злато имаше вредност од 244.400.000 евра.