Доларот зајакнува поради цврстиот став на ФЕД, еврото под притисок поради политичката неизвесност во Франција

26

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна минатата недела, бидејќи американската ФЕД нема да ги намали каматните стапки толку брзо како што се очекуваше, додека еврото е под притисок поради политичката неизвесност во Франција.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела порасна за 0,5 отсто, на 105,52 поени.

Истовремено, вредноста на доларот во однос на европската валута се зголеми за 0,9 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0705 долари.

Порасна и курсот на доларот во однос на јапонската валута, за 0,4 отсто и достигна 157,40 јени.

Јакнењето на доларот е благодарение на минатонеделните пораки од американската централна банка. На редовната седница челниците на ФЕД одлучија каматните стапки да останат непроменети во опсег од 5,25 до 5,50 отсто, што беше и очекувано. Но, тие ги намалија проценките за каматата.

Пред три месеци, челниците на ФЕД процениле дека оваа година би можеле трипати да ги намалат каматните стапки, додека сега очекуваат само едно намалување.

Претседателот на Банката на федерални резерви Џером Пауел на прес-конференција рече дека инфлацијата значително се намалила од својот врв, но дека и понатаму е превисока.

Еврото, од друга страна, беше под притисок бидејќи инвеститорите беа загрижени од одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да го распушти парламентот и да распише нови парламентарни избори на крајот на месецот, откако минатонеделните европски избори победи на екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен.