Fabricator – робот којшто ѕида и лесно се прилагодува на секое градилиште

65

robot sto gradi

Архитекти и експерти за роботика од Цирих го создадоа In – situ fabricator, робот којшто самостојно може да поставува тули, но и да се снајде на ново градилиште, пишува Reuters.

Овој робот може да гради според нестандардни решенија, што значи дека може да се прилагоди на било кое градилиште без посебно програмирање.

robot sto gradi 1

“In – situ fabricator е првата машина што може да оди на градилиште и да гради нестандардни дизајни, што значи дека може да се прилагодува и на условите на самото место“, изјави Матијас Колер, архитект во Швајцарскиот сојузен институт за технологија во Цирих.

Роботот се состои од мобилна база околу којашто се движи механичката рака, додека сензорите во соработка со вградените процесори создаваат 3D мапа на градилиштето. Роботот е мобилен, така што може да се движи низ градилиштето во зависност од потребите.