Факом ќе распределува дел од добивката од 2008 година за дивиденда

20

fakom

Компанијата Факом донесе Одлука за распределба на дел од нераспределената добивка од 2008 година за исплата на дивиденда, објавена на Македонска берза.

Со оваа одлука се распределува дел од добивката за исплата на дивиденда во бруто износ од 18.455.882 денари, од кои за нето дивиденда отпаѓаат 16.610.296 денари, додека за персонален данок се одвојуваат 1.845.586 денари.

Бруто дивиденда по акција е 275,50 денари, додека нето износот 248 денари.

Последен ден на тргување со право на дивиденда, како што се наведува во дивидендниот календар, е 17.03.2015 година. Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаа право да добијат дивиденда за 2008 година е 20.03.2015 година. Прв датум на тргување без право на дивиденда е 18.03.2015 година. Исплатата на дивиденда ќе се изврши најдоцна до 31.03.2015 година.