Google од реклами заработува повеќе од сите печатени медиуми во САД

36

Во изминатите неколку години, онлајн рекламирањето го прерасна рекламирањето во весниците и магазините и стана втор најголем медиум за реклами после телевизиите. На следнава графика на германскиот statista.com е прикажано како со годините се менува пазарот на рекламирање во САД, од 2004 година до првата половина на 2012 година.

Google, кој е формиран пред 14 години, успеа да надмине една цела индустрија која постои преку 100 години. Со оглед на фактот дека Google делува глобално, компарацијата веројатно е нефер и не треба да се суди научно, но сепак покажува колку Google станува голем, а печатењето на реклами е во опаѓање.

Треба да се напомене дека во оваа статистика не се вклучени приходите од огласување на интернет страниците на весниците и магазините.