Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи

13

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0,3% на месечно ниво, а се пониски за 4,3% на годишно ниво.

Во март 2016, во споредба со февруари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6,1%, во секторот Преработувачка индустрија се на исто ниво, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0,7%.

Во март 2016, во споредба со март 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2,7% , во секторот Преработувачка индустрија за 4,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0,4%.