Индексот МБИ 10 со значаен раст во последните пет години

237

Перформансите на индексот МБИ 10, што го мери општото ниво на цените на 10-те најликвидни акции на Македонска берза, забележа значаен пораст во последните пет години, почнувајќи од 2016 година, со континуиран двоцифрен годишен раст, пишува Иван Штериев, директор на Македонска берза, во колумна за блогот на Загрепска берза.

Па така, МБИ 10 во 2016 година забележа раст од 16,45%, а потоа: 18,92% во 2017-та, 36,64% во 2018-та и 34,01% во 2019 година.

Овој позитивен тренд на индексот МБИ 10, како што вели Штериев, под влијание на настаните поврзани со коронавирусот и здравствената и економската криза во оваа година, ги промени перформансите и до крајот на јуни беше 11,45%.

Во првата половина од оваа година, намалени се и берзанските индекси на сите берзи во регионот, при што МБИ10 има значително помал пад во однос на последниот трговски ден во 2019 година. По големата корекција на цените во март (-22,47%), април заврши во плус (23,2%), а почнувајќи од јуни до крајот на семестарот (со исклучок на два трговски денови), осцилацијата на индексот беше мала (дневни движења МБИ1- беа во распон од +/-1%).

Според Штериев, иако во првата половина од оваа година дојде до корекции на падот на цените на акциите што се дел од МБИ 10, анализата на движење на поединечните акции во рамки на индексот, во последните пет години покажуваат дека сè уште постои значаен пораст на нивните пазарни цени.

Фото: Facebook