Каде има најмногу слободни работни места?

59

Стапката на слободни работни места, во последното тримесечје од минатата година, изнесува 1,77%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот Административни и помошни услужни дејности со 4,71%, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, во којшто изнесува 0,60%.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, којашто изнесува 2,02%.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места којашто изнесува 2,08%.

Најголем број слободни работни места, односно 3.114, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Фото: Pixabay