Како се брендира катастрофа?

37

Пред точно 35 години, на 26-ти април 1986-та година, во нуклеарна електрана во Украина, се случи хаварија во еден од реакторите, а последиците се согледливи и денес.

Интересот за Чернобил и последиците од несреќата не престанува, па така властите во Украина планираат да ја брендираат таа катастрофа и на подрачјето околу Чернобил активно да развиваат туризам, а во белорускиот дел од контаминираната зона се разгледува можноста за организирање лов на лосови и елени.

Анализа на податоците собирани во текот на изминатите 35 години, којашто ја спровеле експерти од Русија, Белорусија, Украина и балтичките земји, а се однесува на последиците од хаваријата врз животната средина, покажува дека во поголемиот дел од контаминираната територија без никаков проблем може да се извршуваат економски активности.

Во извештајот се наведува дека и посебните мерки треба да останат на сила во одредени делови од контаминираните зони, каде што е регистрирано поголемо ниво на зрачење.

Заклучок е дека во последните 35 години, ситуацијата со зрачењето е значително подобрена во споредба со 1987 година, а површината на загадено земјоделско земјиште е намалена за два до три пати.

Просторот околу Чернобил, од каде што се отселија луѓето, денес е единствен резерват на флора и фауна.

Фото: Pexels