На ранг листата на Финанце Топ 101, најголеми и најбогати компании, словенечкиот фармацевтски гигант Крка беше најголема компанија според ранг листата на Финанце 101 , пред тоа оваа позиција ја имаше Меркатор.
Централната банка објави дека штедењето во денари веќе почнува да доминира во валутната структура на депозитите, искачувајќи се на 50,7% учество.
Со стапка од 31,4% невработени од вкупното работоспособно население, Македонија се наоѓа на 21. место на ранг листата од 199 земји на Индекс Мунди.
Брендот Coca-Cola во 2012 година порасна за 8% и се уште е најскапиот бренд во светот. Ова се резултатите на агенцијата Interbrand од својот традиционален отчет за стоте највредни брендови во светот.
Американскиот интернет гигант Google го надмина за прв пат долгогодишниот конкурент Мicrosoft по пазарна капитализација
Цените на индустриски производи во еврозоната се повисоки за 2,7%, споредено со август месец од минатата година.
Во јануари годинава широкопојасен пристап на интернет, преку фиксна или мобилна конекција имале 87,3% од фирмите со десет или повеќе вработени.
Стопанствениците од двете земји ги анализираа причините за падот на размента и заклучиле дека тој најмногу се должи на економската криза, но и на отворањето на автопатот од Косово кон Албанија, со што пристаништето Драч стана поатрактивно за косовските компании кои претходно го користеле солунското пристаниште.
Во август годинава невработеноста во еврозоната пораснала на 11,4%, во споредба со истиот месец лани, додека стапката на невработеност во Европската Унија изнесува 10,5%.
Интерактивната мапа на задолжени земји што на својата веб страница ја има објавено Економист, која е апдејтирана за септември, годинава, покажува дека Македонија, со јавен долг од 27,1% од својот бруто домашен производ, е меѓу најниско задолжените земји.
Од почетокот на годинава до крајот на јули во земјава влегле вкупно 99,2 милиони евра странски инвестиции, што е за десетина милиони евра повеќе од регистрираните инвестиции во истиот период минатата година, кога тие изнесувале 98,1 милион евра.
Министерството за транспорт соопшти дека преку продажба на градежно државно земјиште во изминатите пет години се овозможени инвестици во износ од 1.037.523.120 евра
Во Македонија има 35 мултимилионери чие богатство вреди вкупно 4 милијарди долари, објави компанијата за истражување на богатствтото Ворлд Репорт за 2012 и за 2013. Тоа значи дека секој од нив има во просек повеќе од 114 милиони долари богатство, односно сите заедно имаат половина од вредноста на бруто-домашниот производ на земјата. Македонија е рангирана на 42 место според бројот на милионерите.
Повторно е регистриран пад на индустриското производство и тоа за цели 8,1% во август годинава во однос на истиот месец минатата година. Тоа значи дека македонската индустрија тоне веќе цела година, односно регистрира минуси во текот на 12 месеци.
Со векови Швајцарија го имашe имиџот на светски трезор. Но, денес банкарската тајна се претвори во алатка за сомнителни трансакции. Дури и некои банкари почнаа да чувствуваат грижа на совест.
Злоупотребата на интернетот на работното место и нанесува на американската економија штета од 650 милијарди долари годишно.
Аналитичкиот тим на Morgan Stanley ја преферира сојата, пченката и пченицата поради лошото време кое и штети на понудата.
До 2015 во Европа може да се отворат до 700.000 слободни работни места во сферата на информациските и телекомуникациските технологии, а во Бугарија се уште половина од населението никогаш не корист интернет.
Бугарската економија покажува знаци на стабилизација и тенденцијата кон закрепнување. Ова го покажа 14-тото издание на годишната листа Топ 100 на Бугарската трговско-индустриска комора.
Словенците се разгневени и збунети. Нивниот премиер е обвинуван за корупција, невработеноста е висока, банките во земјата се на работ на банкрот и претстојат серија болни структурни реформи.
Европа – Скопје, Контихридропласт - Гевгелија, Киро Дандаро – Битола и Беташпед се дел од компаниите кои со средства од фондот на Европската банка за обнова и развој инвестираа во проекти за енергетска ефикасност.
Компанијата ХП денес објави дека агенцијата за истражување на пазар ИДЦ изјави дека, ХП за прв пат на американскиот пазар, има најголем пазарен удел во категоријата на работни станици.
Хрватскиот Агрокор инвестирал во Србија 450 милиони евра во изминатите 10 години
Грешници за милијарди, манипулатори со каматните стапки, сомневања за перење пари - не е чудно што според истражувањето на групата за заштита на правата на потрошувачите денес на банкарите се гледа со поголема недоверба од традиционално.