Претприемачи од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Македонија преку оваа програма есента 2018-та ќе поминат еден месец во Чикаго и ќе имаат можност да соработуваат со компании, стартапи, владини агенции, инкубатори, хабови за иновации и други организации што работат на поддршка на претприемништвото и иновациите.
Доколку кандидатот работел повеќе работи истовремено или студирал и работел успешно, можеби тој е вистинскиот избор. Не ви треба студент кој дипломирал со одличен просек и бил посветен само на учење, а нема никакво искуство во работата.
Доколку жирантот не може да го покрие долгот, средствата што ги заложил како гаранција за заемот ќе бидат продадени за покривање на преостанатиот долг.
Специфична тарифа се наплатува како фиксен надоместок врз основа на видот на предметот, на пример, 1.000 долари за секој автомобил.
Девалвацијата ги намалува трошоците за извозот на земјата што ги прави поконкурентни на глобалниот пазар.
Во поширока смисла, во хартиите од вредност припаѓаат и инструментите како што се кредити и плаќање, чекови, меници, коносмани и слично.
Секогаш може да одлучите да заработите повеќе пари, но не може да одлучите да ,“заработите“ повеќе време. Времето е вашата највредна алатка и додека не изберете да ја сметате за таква, таа ќе биде безвредна.
Пазарната сегментација може да се дефинира како процес на издвојување на групи потрошувачи кои имаат исти барања кон производството.
Ако може да ја разгледате проблематична ситуација во целост и да стекнете увид во тоа зошто некој постапува вака или онака, ќе дојдете до конструктивно решение.
Регрес е законски договор што му дава на заемодавателот право на залог во случај заемопримателот да не е во можност да го подмири долгот.
Понекогаш нема друг излез, освен на неговите провокации да реагирате смирено и позитивно и да не му дозволите да започне кавга.
Изготвувањето на билансот на состојба не е задолжително за трговци поединци и партнерства, но е корисно за следење на бизнисот.
Поставете се како консултант и лице кое помага, а не како трговец. Продажбата ќе биде неизбежна.
Сите трговски друштва, што се со јасно утврдени развојни цени и преферираат дополнителен капитал, но и широк круг на инвеститори, котираат на Берзата.
За инвеститорите многу е важно дали вие претходно сте направиле истражување на пазарот и дали сте запознаени со вашите потенцијални клиенти.
Субвенциите доаѓаат во разни форми, вклучувајќи: директни (готовински донации, бескаматни заеми) и индиректни (даночни олеснувања, осигурување, кредити со ниски камати, забрзана амортизација) .
Глумењето љубезност веднаш се приметува, а потоа и се казнува.
Големото зголемување на цените на благородни метали на крајот на 21-от век ги охрабри многу претпријатија да тргуваат со нив на светските берзи. И македонските банки пред неколку години добија лиценца за тргување со благородни метали.
Ефективното лидерство значи умешност да се балансираат голем број на вештини.
Банкротот обично трае околку година дена.
Колку посилен станува вашиот аргумент, толку посилно тврдоглавата личност ќе го одбива.
Кога сме изложени на нови луѓе и идеи добиваме поинаков поглед на светот и донесуваме подобри одлуки.
Депозитите, претставуваат стабилни извори на средства, затоа што се со ниска еластичност во однос на промените на каматните стапки.
Немојте стравот да ве спречи да постигнете повеќе. Немојте да се задоволите со помалку од она што го заслужувате.