Европската комисија казни осум банки со вкупно 1,7 милијарди евра поради формирање на илегални картели за да можат да делуваат врз висината на каматните стапки.
Германските власти вчера спроведоа рација во Commerzbank, во седиштето во Франкфурт и околу 40 филијали во земјата, поради сомневање дека неколку стотини нејзини клиенти затаиле данок преку полиси за животно осигурување.
Европскиот регулатор за финансискиот пазар (ЕСМА) ги критикуваше агенциите за оценка на кредитниот рејтинг поради бројните неправилности во процесот на одредување на кредитната способност на земјите.
Шведскиот произведувач на автомобили SAAB од денеска повторно започнува со производство на автомобили.
Холандија го загуби врвниот кредитен рејтинг ААА, откако американската бонитетна агенција Standard & Poor’s го намали на АА+.
За рекламнирање на туризмот, следната година се предвидени 9,2 милиони евра, соопшти бугарскиот заменик министерот за економија со ресор туризам, Бранимир Ботев.
Карлос Таварес, кој до август беше оперативен директор на Renault, од следната година ќе биде претседател на Управниот одбор на PSA Peugeot Citroen. Таварес (55) ќе го замени Филип Варан (61), кој го предводи концернот од јуни 2009 година.
Компанијата Гаспром медиа, најголемиот медиумски холдинг во Русија, објави дека ќе го преземе холдингот Профмедиа на тајкунот Владимир Потанин, пишува The Moscow Times.
Меѓу најизвесните државни претпријатија кои веројатно ќе бидат пуштени на пазарот се Бугарската берза заедно со Централниот депозитар, како и државниот удел во Бугарската поморска флота и Пловдивскиот саем.
Германскиот автомобилски гигант Volkswagen во следните пет години планира да инвестира 84,2 милијарди евра во развој. Скоро половина од тие пари, 41,2 милијарди евра ќе бидат искористени за развој и лансирање на нови возила и наследни модели во скоро сите класи.
Германскиот фармацевтски гигант Bayer предаде понуда вредна 1,8 милијарди евра за норвешкиот партнер Algeta, специјализиран за радиотераписки третмани за уништување на клетките на рак.
Идејата на иницијативата “1:12 за фер плати” беше дека никој месечно не смее да заработува повеќе од нечија годишна плата.
Германската телекомуникациска компанија Deutsche Telekom соопшти дека продава 70% од уделот во својата компанија за рекламирање на интернет за 1,5 милијарди евра.
Турскиот авиопревозник Pegasus е именуван за најевтин во Европа, во споредба со 20 нискобуџетни авиокомпании, според WhichAirline, интернет страница која прави споредби на нискобуџетните авиокомпании во светот.
Италија ќе ги продава уделите во јавните претпријатија, вклучувајќи ја и нафтената компанија Eni, за да собере до 12 милијарди евра и да го намали јавниот долг.
Шефот на Икеа Франција е обвинет дека најмил фирма на приватни детективи да “прочешлаат” одделни вработени, особено активисти во синдикатот, кандидатите за работа, па дури и незадоволните клиенти.
За една година ќе се тестира меѓу 10% и 25% од персоналот, по случаен избор преку компјутерска програма.
Со стратегијата се нагласува заедничката визија на земјите од ЈИЕ до 2020 година да се отворат до еден милион нови работни места и така стапката на вработеност од 39% да се зголеми на 44%.
Компанијата ќе произведува паметни телефони под Vodafone брендот во погоните на Вестел, во рамките на плановите за зголемување на уделот на пазарот за паметни телефони.
Новиот аеродром би се градел седум години. Предвидено е да има шест писти, а вкупната вредност на проектот изнесува 55 милијарди евра.
ЕАСА до крајот на овој месец ќе ја обнови новата директива со која се проширува можноста за користење на таблети, смартфони, лаптопи и слични уреди во текот на сите фази од летот, под услов да се подесени во режим за работа во авион (airplane mode).
Највисока оценка за кредитен рејтинг ААА во Европа имаат само уште осум земји, според проценките на трите највлијателни рејтинг агенции Moody’s, Fitch и Standard & Poor’s.
Сбербанк, најголемата руска банка планира да отпушти 30.000 вработени во следните пет години, што претставува околу 10% од персоналот, изјави претседателот на банката Херман Греф.
По повеќечасовни преговори, институциите на Европската унија го договорија буџетот за следната година, кој ќе изнесува 135,5 милијарди евра.