Во 2000 година, ЕУ забрани увоз на млечни производи, на млеко и јогурт од Турција, затоа што овие продукти не ги задоволуваа европските стандарди за храна.
ЛОТ минатата година ја заврши со оперативна загуба од 28 милиони евра, а преживува благодарение на државни субвенции.
Власите на шест европски земји покренаа постапка против американската компанија Google, барајќи од неа да ја усклади политиката за заштита на приватноста со европските закони, соопшти француската Агенција за заштита на податоци.
Данската компанија за производство на играчки Лего соопшти дека ќе престане да ја произведува играчката од едицијата Војна на ѕвездите која потсетува на џамија.
Извршниот директор на Фиат Серџо Маркионе не сака да го продаде брендот Алфа Ромео на Фолсваген, но можеби италијанската компанија и покрај се, преку Ауди ќе се спои со Германците.
Италијанскиот суд и наложи на модната куќа Dolce & Gabbana да плати казна од 343 милиони евра плус камати, поради затајување на данок.
Тоа во пракса значи дека дека секој луксузен автомобил со старост до пет години кој чини меѓу 126.000 и 252.000 евра, ќе биде дополнително оданочуван секоја година.
Белгиските производители на чоколада сметаат дека нивните познати пралини треба да бидат подеднакво заштитени како францускиот шампањ или италијанскиот пршут.
Филијалата на компанијата Нестле во Германија мора да плати казна од 20 милиони евра поради споделување на чувствителни информации.
Турција ги раскина енергетските проекти со италијанската компанија Ени поради вклученост на оваа компанија во истражување на нафта и гас во кипарските води.
Францускиот производител на автомобилски гуми Мишелин објави дека ја затвора својата филијала во Грција и се префрла во нов административен центар во Букурешт, Романија.
Австриската компанија Ред Бул ја уценуваат непознати лица, кои се закануваат дека со фекални бактерии ќе ги загадат лименките на рафтовите во продавниците, доколку не им биде исплатена одредена сума на пари.
Турскиот млекопреработувач Суташ го презеде вториот чекор за ширење на Балканот и купи фабрика во Романија, која веројатно ќе ја употреби како регионална база за влез на европскиот пазар.
Германските антимонополски власти покренаа истрага против неколку пивари поради наводно договорено местење на цените на пивото.
Со постигнатиот договор се предвидува затворање на втората најголема кипарска банка Лаики, а депозитите помали од 100.000 евра ќе бидат пренесени во Банката на Кипар и би се создала т.н. “добра банка”
Германската авиокомпанија Луфтханза денеска откажа преку 670 летови, главно на европски дестинации, поради предупредувачки штрајк на аеродромскиот персонал, пред преговорите со управата околу платите.
Новата Škoda Rapid се закити со престижната светска награда Red Dot за исклучителен дизајн на производот.
Германскиот произведувач на автомобили BMW планира да гради нови фабрики, а во игра за привлекување на тие инвестиции се Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија и Хрватска, пишува словачкиот весник Hospodarske Noviny.
Државните службеници во Швајцарија во иднина сами ќе си ги чистат канцелариите и ќе го фрлаат и сортираат ѓубрето за рециклирање. Властите на Женевскиот кантон објасниле дека одлуката е донесена поради штедење.
Новата Škoda Octavia беше наградена со пет ѕвезди на Euro NCAP тестот за високиот степен на безбедност.
Економската криза во Европа го сврте подземјето кон нови облици на илегални актовности, од фалсификување храна и лекови до забранета трговија со отпад и кражби на енергетскиот пазар, објави Европол.
Кипарскиот Парламент вчера го отфрли предлогот на еврозоната и ММФ за оданочување на банкарските депозити во замена за 10 милијарди евра помош.
Францускиот регулатор Arcep објави дека го информирал правосудството за можен пропуст на комуникацискиот софтвер Скајп да ја исполни својата обврска да се пријави како комуникациски оператор во Франција
Банките на Кипар ќе останат затворени до четврток за да се избегне создавање на големи редови пред шалтерите во банките, како и масовно подигнување на штедните влогови од страна на граѓаните.