Рафинеријата Окта се најде меѓу топ 100 најуспешни компании во југоисточна Европа, според рангирањето на веб-страната Сињуз.
Кристин Лагард, извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), денес изјави дека глобалната економска криза почнува да нанесува сериозни штети на земјите во развој.
Американците Елвин Рот и Лојд Шепли се добитниците на Нобеловата награда за економија, за теоријата на стабилна алокација и пракса на пазарниот дизајн.
На врвот на најбогати Германци за 2012 е семејството кое сопственик на ланецот супермаркети Aldi. Меѓу нив се издвојуваат Карл Албрехт (92) со 17,2 милијарди евра, како и неговите роднини Бертхолд (58) и Teo (62) кои имаат 16 милјарди евра.
ЕБРД ќе се фокусира на зголемување на активноста на банкарскиот и приватниот сектор, а со самото тоа да се поттикне вработувањето со помош на големи инфраструктурни проекти.
Сметката за спас на презадолжените земји на евро-зоната: Грција, Шпанија, Португалија, Италија и Ирска стаса, но таа се уште не е потполно затворена.
Рецесијата во еврозоната ќе се зголеми во наредната година, додека бруто-домашниот производ БДП ќе се намали за 0,4%, наместо претходно предвидените 0,3%, според извештајот на Меѓународниот монетарен фонд ММФ, кој ги намали претходните прогнози за оваа и следната година.
Во 2011 година во Италија се продадени вкупно 1,75 милиони велосипеди, што е за 2.000 повеќе од регистрираните нови автомобили. Велосипеди се продадени и за 10% повеќе отколку во 2010 година, додека бројот на нови регистрирани автомибили во истиот период е опаднат за 20%.
Проектот коцкарници Еуровегас во Унгарија, која би требало да биде најголема инвестиција во туризмот, би требало да почне оваа година.
Мерцедес во септември испорачал 123.358 возила, што е месечен рекорд.
Цените на индустриски производи во еврозоната се повисоки за 2,7%, споредено со август месец од минатата година.
Во август годинава невработеноста во еврозоната пораснала на 11,4%, во споредба со истиот месец лани, додека стапката на невработеност во Европската Унија изнесува 10,5%.
Целта на Интел бизнис предизвикот е да ја формираат новата генерација претприемници и да го збогатат друштвото на иноватори со талентирани млади луѓе кои имаат страст добрите идеи да ги претворат во одличен бизнис.
Со векови Швајцарија го имашe имиџот на светски трезор. Но, денес банкарската тајна се претвори во алатка за сомнителни трансакции. Дури и некои банкари почнаа да чувствуваат грижа на совест.
За брокерите од Лондон не е премногу невообичаено по пијаната ноќ во градот да не знаат за што ги потрошиле парите, но Стив Перкинс (34), долгогодишен брокер на компанијата ПВМ оил фјучерс, се соочил со многу поголем проблем, пишува бриатанскиот весник Телеграф.
Француската банкарска групација Креди Агрикол најверојатно ќе ја продаде својата грчка филијала Емпорики за едно евро.
Француската државна железница СНЦФ соопшти дека во текот на 2012 година планира да вработи нови 10.000 лица.
Автопроизводителот Опел одбележува 150 години од основањето на фирмата.
Грешници за милијарди, манипулатори со каматните стапки, сомневања за перење пари - не е чудно што според истражувањето на групата за заштита на правата на потрошувачите денес на банкарите се гледа со поголема недоверба од традиционално.
Од Benetton објавија дека ќе ги поддржат социјалните проекти за невработени млади луѓе.
Кога станува збор за плаќањето, грчките потрошувачи се најнестабилни во споредба со потрошувачите од другите европски земји, со само 69,5% навремено плаќање на нивните сметки.
УБС очекува дека европските клиенти од швајцарските банки ќе повлечат стотици милијарди франци.
Францускиот претседател Франсоа Оланд, во првите два месеци откако е на власт, излегол со многу оргинални идеи за тоа како да се заштедат пари во време на криза.