Диплиоматскиот кор во Македонија, заедно со министерот за надворешни работи Никола Поповски вчера во рамки на економската дипломатија на Македонија имаа можност директно да се запознаат со производните капацитети и да дегустираат вино од најголемата винарија на Балканот, Тиквеш.
Владата во петокот ја прекина постапката за доделување концесија за производство на струја од хидроцентралите што требаше да се градат на Црна Река и за учество во јавно-приватно партнерство со АД ЕЛЕМ.
Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески вчера изрази задоволство што Владата во овие тешки моменти покажала дека стои крај домашните компании.
Иншуренс Груп го презеде мнозинскиот пакет од Кјуби Македонија со што обезбеди речиси 75% од гласачките права во компанијата.
Според податоците што ги објави Државниот завод за статистика, невработеност во вториот квартал годинава се намалила.
Се оствари идејата за која што подолго време заговараа Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на слободни синдикати.
Туристичката агенција Летс Травел доо-Охрид, која ги извиси патниците кои требаше да заминат на Кипар за Рамазанските празници, остана без дозвола за работа.
Седум македонски винарии од здружението Вина од Македонија потпишаа договор со кинескиот увозник и дистрибутер Тиенџин за извоз на македонското вино.
Владата донесе оперативен план за вработување на невработени лица.
Дали мобилниот оператор Оне ќе нуди услуги од четвртата генерација на мобилна телефонија?
Министерството за труд и социјална политика вчера ги објави условите и начинот по кој Македонците ќе работат во странство.
Агенцијата за електронски комуникации по пат на јавен тендер изврши избор на давател на универзална услуга за обезбедување на целосен телефонски именик и за обезбедување на телефонска служба за информации за претплатниците во Република Македонија.
Вработените на ОНЕ го одбележаа големиот јубилеј на компанијата, една деценија работење на македонскиот пазар.
АФЦ е консултанска компанија која е е дел од АФ групацијата, основата во 1895 година во Шведска. Ги опфаќа областите од енергетика, индустрија, технологија и инфраструктура. Само во делот на енергетиката има над 1000 вработени, врвни експерти.
Долгоочекуваниот трговски центар Скопје Сити Мол свечено ги отвора вратите за своите посетители на 4 октомври 2012 г. Во текот на неколкуте дена по свеченото отвoрање ќе се реализираат разновидни активности наменети за сите посетители.
Во 2011 во споредба со 2010 година најголем раст во бројот на завршени станови има во Полошкиот статистички регион и во Југозападниот регион.
Меѓународната асоцијација на одгледувачи на тутун (ИТГА) на 14-ти септември 2012 година организира форум на тема ориентален тутун.
АД Електрани на Македонија се стекна со сертификат ISO 14001:2004.
Вип оператор во соработка со Самсунг, Еферио и ПСМ Фондација, го отворија новиот Предизвик за програмерите за создавање на нови иновативни апликации.
Во земјава во првите осум месеци од годинава се отвориле 6.000 нови фирми, а се затвориле 4.000 фирми.
Нема да се зголемува данокот на додадена вредност како што тоа го направија другите држави, дециден е првиот финансиер Зоран Ставрески.
Новиот инструмент задолжница не може да им помогне на фирмите со блокирани сметки, но министерот Ставрески најави дека многу скоро ќе излезат со решение како да се исчисти базата на податоци од фирмите кои не работат со години, а само фигурираат во регистарот.
Почна да функционира новиот инструмент задолжница. Во изминативе десетина дена издадени се две задолжници во вредност од 24 милиони денари или 390 илјади евра. Ова вчера го објавија министерот за финансии Зоран Ставрески и директорот на Централниот регистар, Ванчо Костадиновски.
Mинистерот за финансии Зоран Ставрески ја расчисти дилемата дека всушност тутунарите можат мирно да спијат, бидејќи земјава нема да се придржува до препораките.