Ќе се бришат фирмите што не работат со години

24

Новиот инструмент задолжница не може да им помогне на фирмите со блокирани сметки, но министерот Ставрески најави дека многу скоро ќе излезат со решение како да се исчисти базата на податоци од фирмите кои не работат со години, а само фигурираат во регистарот.

„Владата во тој дел наскоро ќе понуди решенија. Најверојатно за тие што се долгорочно неактивни ќе се предложи процедура за нивно згаснување и бришење од регистарот со цел да се расчисти вкупната ситуација и тие фирми да не фигурираат и злоупотребуваат за други потреби во рамки на платниот промет“, изјави вчера Ставрески. Според него за оние фирми што се активни, а имаат блокирани важат пазарните принципи.