Подобрувањето на патната инфраструктура е со цел да се зголеми трговската размена меѓу Македонија и Бугаријa.
Македонија во следните три години треба да вложи најмалку 10 милиони евра за селективно собирање на амбалажен отпад, беше истакнато денеска во Стопанската комора на Македонија.
Проектот на USAID за експанзија на мали бизниси, во соработка со Центарот за развој на североисточниот плански регион, свечено го одбележа почетокот на иницијатива за имплементација на Leader пристапот за локален економски развој во североисточна Македонија.
Телеком Австрија Групацијата потпиша договор за купување на 100% од компанијата Blizoo Македонија.
Во модното ателје на Олгица Ѓоргиева од денеска, пуштени се во продажба маички изработени од страна на дизајнерката со мотивирачки пораки за секој ден од неделата.
Месечната стипендија изнесува 6.000 денари. По пет стипендии доделуваат ЕЛЕМ и МЕПСО, а ЕВН Македонија четири. Поддршката на најдобрите студенти со минимална просечна оценка од 8 се спроведува трета година.
Потрошувачките цени во Македонија во 2013 година биле скоро половина од европскиот просек, 47%.
Во организација на Македонско - бугарската стопанска комора, општините Штип и Кочани, Центарот за развој на Источно - планскиот регион и Универзитетот Гоце Делчев, денеска и утре се одржуваат Македонско - бугарски бизнис експо денови.
Институтот Либерална алтернатива (ИЛА) денеска во Едукативниот центар М6 организира конференција на тема “Филантропија, корпоративна одговорност и социјални промени: Моќта на вмрежувањето“.
Техномаркет на денот на СОС Детските села, 20 јуни, се закити со признанието за најголем корпоративен донатор на СОС Детско село од Македонија за 2013 година.
По повод 70-годишнината од своето постоење, Стопанска банка започна голема хуманитарна акција под мотото Подари насмевка.
Вкупно 200 делегати од 11 земји на годинашната средба Тера Мадре Балкан во Дубровник дефинираат стратегија за заштита на традиционалните прехранбени производи од регионот.
Семинарот Global Connections, организиран од истоимената фондација од САД, своето 16 издание годинава за првпат ќе го одржи и во Македонија.
Креатори на најдобрата и наградена апликација се Жанко Митрески како координатор, Ерхан Таири и Тони Наковски.
Македонските дипломци од Универзитетот Шефилд се собраа на традиционалната Alumni Reunion средба по втор пат во Скопје.
Изборот за најдобра летна selfie фотографија ќе трае до 3 август 2014 и ќе биде поделен во четири циклуси.
Објавени критериумите за домашните производители кои ќе можат да земат учество во проектот за брендирање на македонското слатко.
Т-Мобиле Македонија на своите корисници им нуди неколку Travel & Surf пакети со различно времетраење и количина на интернет кои важат за повеќе држави во светот.
Со секое купено парче накит во продавниците на Oxette Македонија, 2% од продажбата во летниот период ќе одат во хуманитарни цели.
Даниела Арсовска е новиот претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во следните две години.
Првиот состанок на управниот одбор на Стратегијата 2020 на Југоисточна Европа (ЈИЕ 2020) на Регионалниот совет за соработка (РСС) се одржа денеска во Букурешт.
Акционерското друштво за издавање деловен простор под закуп Градски трговски центар (ГТЦ) најдоцна до 30 септември ќе ја исплати дивидендата.
Со цел да се намали бројот на кражби, Македонска пошта подготвува тендер за заштита на поштенските објекти.
Во Македонија во текот на минатата година се регистрирани 1.275 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.










